Решение за свикување на четириесет и првата седница  на Советот на општина Струмица

DSC06182.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

   Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 6489/1
    11.09.2024 год.
    С т р у м и ц а

 



 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на четириесет и првата седница  на

Советот на општина Струмица

 

 

               Ја свикувам четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица за ден 18.09.2024 година (среда).

               Четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

               За работа на седницата предлагам:

 

 

Д н е в е н   р е д

 

Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Струмица за 2024 година;
Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
Предлог – Програма за измена на Програмата на Општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2024 година;
Предлог – Програма за измена на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
Предлог- Програма за измена на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
Предлог – Програма за измена на Програмата за заштита од штетно дејство на водите во 2024 година;
Предлог – Програма за измена на Програмата изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2024 година;
Предлог – Програма за измена на  Програмата за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2024 година;
Предлог – Програма  за измена  на Програмата  за  активностите на Општина Струмица  во областа на образованието во 2024  година;

Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2024 година;

Предлог – Одлука за утврдување на режим на сообраќај за утврдување на локации на автобуски стојалишта на подрачјето на Општина Струмица;
Предлог –  Одлука за утврдување на измена на режим на сообраќај  за велосипедска патека во град Струмица (технички број 015-016/24);
Предлог –  Одлука за утврдување на режим на сообраќај  за велосипедска патека во град Струмица (технички број 015-025/24);
Извештај за работа на СОУ „Јане Сандански”  Струмица во учебната 2023/2024 година;
Предлог – Годишна програма за работа на СОУ „Јане Сандански”  Струмица во учебната 2024/2025 година;
Извештај за работа на СОУУД „Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2023/2024 година;
Предлог – Годишна програма за работа на  СОУУД „Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2024/2025 година.

 

 

 

                                                                           Совет на општина Струмица
         Претсeдател,
           Марjан Даскаловски

The post Решение за свикување на четириесет и првата седница  на Советот на општина Струмица appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK