Совет на општина Струмица
Бр.08 – 6489/1
11.09.2024 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на четириесет и првата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица за ден 18.09.2024 година (среда).
Четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
Д н е в е н р е д
Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Струмица за 2024 година;
Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
Предлог – Програма за измена на Програмата на Општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2024 година;
Предлог – Програма за измена на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
Предлог- Програма за измена на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
Предлог – Програма за измена на Програмата за заштита од штетно дејство на водите во 2024 година;
Предлог – Програма за измена на Програмата изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2024 година;
Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2024 година;
Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2024 година;
Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2024 година;
Предлог – Одлука за утврдување на режим на сообраќај за утврдување на локации на автобуски стојалишта на подрачјето на Општина Струмица;
Предлог – Одлука за утврдување на измена на режим на сообраќај за велосипедска патека во град Струмица (технички број 015-016/24);
Предлог – Одлука за утврдување на режим на сообраќај за велосипедска патека во град Струмица (технички број 015-025/24);
Извештај за работа на СОУ „Јане Сандански” Струмица во учебната 2023/2024 година;
Предлог – Годишна програма за работа на СОУ „Јане Сандански” Струмица во учебната 2024/2025 година;
Извештај за работа на СОУУД „Димитар Влахов” Струмица во учебната 2023/2024 година;
Предлог – Годишна програма за работа на СОУУД „Димитар Влахов” Струмица во учебната 2024/2025 година.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски
The post Решение за свикување на четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица appeared first on Општина Струмица.