Реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бујковци

rekonstrukcija-igralishte-Bujkovci-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Продолжува реконструкцијата на спортските игралишта во сите населени места на територија на Општина Илинден. Деновиве отпочната е реконструкцијата и на фудбалското игралиште за мал фудбал во населено место Бујковци.



Во рамки на реконструкцијата целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, ќе биде поставено лед осветлување, заштитна ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден, со што ќе се добие комплетно нов лик на овој спортски терен во Бујковци.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во почетокот на работните активности на фудбалското игралиште, пришто истакна дека со реконструкцијата на игралиштето младите и од ова населено место ќе добијат комплетно реконструиран и убаво уреден простор каде во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.

Тој додаде дека средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK