„Рамо до рамо до победа“ во Битола, Могила, Крушево, Струга, Кичево и Дебар

ramo-do-ramo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ синоќа беше во Битола, каде со граѓаните се сретнаа потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска и Методија Димовски, како и во Могила, каде беа Хари Локвенец и Борче Петковски.

– СДСМ е државотворна и одговорна партија, заслужна за секој национален успех досега. Донесовме храбри и мудри одлуки, ја внесовме државата во НАТО, по 17 години чекање ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски јазик, истакна потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека СДСМ е силно посветена на на европскиот пат.


Костадиновска Стојчевска нагласи дека паралелно со решавање на децениските отворени прашања СДСМ се грижи за сите граѓани, ја развива и унапредува инфраструктурата во сите делови на државата.

– Започнуваме со изградба на автопатот Битола – Прилеп со што граѓаните од Пелагонија добиваат нов, модерен, најсовремен автопат, каков што заслужуваат, порача Костадиновска Стојчевска, нагласувајќи дека реализацијата на коридорите 8 и 10Д ќе донесе огромни и значајни придобивки за целиот регион, рече Костадиновска Стојчевска.

Рамо до рамо со граѓаните на Могила беа Хари Локвенец и Борче Петковски. На средбите разговараа со граѓаните за економските политики на СДСМ и нагласија дека субвенциите се исплаќаат редовно и навремено, а годинава за тутунот достигнаа рекорна висина од 26 милиони евра.

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи и Кети Василевска како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“, пак, беа меѓу граѓаните на општина Крушево.

Во своето обраќање, потпретседателот Битиќи се осврна на мерките и политиките што СДСМ ги презема во интерес на граѓаните и коишто резултираат со јакнење на домашната економија.

Во општина Струга меѓу граѓаните беа членката на ЦО, Славица Грковска и Фарук Омери кои истакнаа дека со изградбата на коридорот 10 Д, Струга, конечно ќе биде подобро и посигурно поврзана како со соседна Албанија, така и со главниот град Скопје.

Во рамките на теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ меѓу граѓаните на Кичево беа членот на ЦО на СДСМ Благој Бочварски, заедно со Пламенка Бојчева, а средби со граѓаните на Дебар остварија Кирил Парталов и Размена Чекиќ.

Бочварски во Кичево се отврна на економските политики на СДСМ, нагласувајќи дека странските инвестиции во државата лани забележаа рекордна висина од над 700 милиони евра, се реализираат стратешки проекти од национален интерес.

– Таков проект е изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д, со кои државата станува вистинска балканска крстосница. Проектот е вреден 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 51 отсто ќе завршат директно кај македонски компании. Покрај подобро поврзување со соседите и меѓу општините од овој дел на државата, изградбата на делниците ќе донесе и придобивки за економијата, нови работни места и раст на БДП, нагласи Бочварски.

Рамо до рамо со граѓаните на Дебар, пак, беа Кирил Парталов, Размена Чекиќ. На средбите страна збор за европската иднина на државата, реформите и чекорите што се преземаат за полноправно членство во ЕУ, соопштија од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK