Работна средба на службеникот за млади во Општина Гевгелија и имплементаторите на Проектот “Your Job”

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Службеникот за млади во општина Гевгелија, Петар Јанчев, оствари работна средба со Верица Ангеловска и Александар Младеновски, претставници на Македонски Каритас и имплементатори на Проектот “Your Job”.

Во врска со општата цел на Регионалниот проект, којшто е финансиран од Реновабис и Каритас Австрија, а се реализира во 6 општини од Југоисточниот Регион на Македонија, за поддршка на младите на возраст од 15 до 35 години при вработување и давање можност за зголемување на нивната конкурентност на пазарот на трудот, службеникот за млади сподели податоци, односно контакт-информации за Здруженија на граѓани, чиишто активности се насочени кон млади, како и листа на регистирани фирми и компании во Гевгелија, за поголема промоција на Проектот во општина Гевгелија. Притоа, службеникот за млади ги информираше за неговата работа и работата на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, согласно Законот за младинско учество и младински политики.



Исто така, на средбата стана збор и за склучување Меморандум за соработка помеѓу Општина Гевгелија и Македонски Каритас, со цел младите од Гевгелија да ги користат бенефитите од Проектот, односно бесплатно следење обуки за активно барање работа, тренинзи за зајакнување на вештини, обуки за професионални вештини, платена пракса и поддршка во поставување бизнис-идеја и грант шема за идеи со висок потенцијал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK