Во полза на популацијата која ја сочинуваат лица со попреченост, денеска во Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски имаше работен состанок со претседателот на Здружението за афирмација и промоција -Икуалити (Equality NGO), Гере Трипков и проект координаторот, Ружица Стојановска.
На средбата беше потенцирана поддршката на Општината за имплементирање на позитивни пракси за унапредување на процесот на инклузија и беше искажана подготвеноста за понатамошна соработка, согласно потпишаниот Меморандум за соработка меѓу двете страни.
Градоначалникот Димитриевски беше информиран за претстојните проекти во 2025 година и за спроведениот менторски форум за млади лидери од Општина Куманово, од 22.11.2024 година, во рамки на проектот Зен 2.0 Караван.
The post Работна средба на градоначалникот Димитриевски со претставници од Здружението Икуалити first appeared on Општина Куманово.