Работна сабота во Ѓорче Петров – завршуваме уште еден значаен проект!
Денес успешно ги финализираме градежните активности поврзани со реконструкцијата на вкупно 13 улици во населбата Диво Маало. Со ова се добиваат нови, модерни и безбедни околу 3000 метри асфалтирани коловози, кои ќе им служат на жителите од оваа населба и на идните генерации.
Оваа акција е дел од нашата поширока стратегија за подобрување на уличната инфраструктура и урбаното живеење во општината. Нашите екипи не застануваат тука — веднаш продолжуваме со уредување на крак од улицата Мис Стон, а потоа следува и уредување на паркинг просторот зад зградата на Југохром, на главната улица.
Исто така, на ред е и улицата Лука Геров бр. 1, каде започнуваме со интервенции за подобрување на патната инфраструктура и условите за движење на пешаците и возилата.
Со секој нов проект, Ѓорче Петров сè повеќе се претвора во уредена, функционална и пријатна Општина за живеење. Благодарност до граѓаните за трпението и поддршката — заедно ја градиме иднината на нашата заедница! ❤️💪