Работилница „Менталното здравје кај мажите“ за одбележување на Месецот на машкото здравје

Blue-and-White-Gradient-Movember-Workshop-Instagram-Post.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како резултат на заедничката соработка помеѓу Општина Гевгелија, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Здружението за психосоцијална поддршка „САНКТУМ“, во Гевгелија, на 27 ноември 2024 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, ќе се одржи Работилница на тема „Менталното здравје кај мажите“.

Работилницата ќе започне во 13:00 часот и е наменета за сите машки жители од Општина Гевгелија со цел одбележување на Ноември- Месецот на машкото здравје и подигање на свеста за ракот на репродуктивните органи и дебелото црево.
Оваа активност се спроведува во рамки на Програмата на Општина Гевгелија за еднакви можности на жените и мажите за 2024 година.


– Мажи, без разлика на Вашата возраст, добредојдени сте- велат од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK