– На спортските терени на ПОУ „Тодор Јанев“ во селото Мелница, Општина Чашка, вечерва во 20 часот ќе се одржи првата „Мелничка иселеничка средба“ 2023 на која ќе има богата програма со промоција на документарен филм за село Мелница, дефиле на фолклорни друштва, интерпретатори на традиционална музика и концерти на фолклорни друштва. Тие се дел од културно уметничката програма во рамките на првата „Мелничка иселеничка средба“ 2023.
Доцна вечерва на средбите ќе има и забавен дел со учество на познати македонски естрадни уметници: Благоја Грујовски, Елена Велевска, Зуко Нурчески, Далибор Даки Ѓошиќ и групата Круна. Настанот има фестивалско дефиле во коешто ќе учествуваат КУД „Тодор Јанев“ од населба Чашка и фолклорните друштва „Ростуше“ и „Новак“ од центар Жупа.
Организацијата на овој културен настан се здружението на граѓани за граѓански иницијативи „МЕЛ – МЕЛ 2023“ Мелница и „МАК – МЕЛ“ од Швајцарија. Подржувачи се Општина Чашка и Министерство за култура на Македонија.
Организаторите ги покануваат жителите на Општина Чашка и соседните и други општини да бидат гости на оваа културна манифестација.