Противпожарна Кавадарци : Внимателно со природата на високите температури

opstina Kavadarci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Внимателно со природата на високите температури, предупредија попладнево од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

– Во централните и југоисточните предели, кои се најтопли, температурите деновиве ќе бидат високи. Поради високите температури, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува беспотребно движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари, нагласија од Противпожарната единица.



Оттаму препорачаа исто така, поради високите температури, при поголема изложеност на сончеви зраци, кога ув индексот е со големи вредности, да се користат средства за заштита и да се пијат што повеќе течности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK