Социјален дијалог во рамки на проектот “Учи паметно – работи стручно”, во организација на Сектор за образование при Општина Куманово, се одржа денеска, во кружната сала на поранешен Комитет, во Куманово.
Целта на овие проектни активности од страна на стручниот тим, кој работи на истражување за потребите на образовниот процес, е да ги искористи направените анализи за предлог на нови насоки во средните училишни стручни центри, кои треба да ги одобри Министерството за образование и наука на РС Македонија.
Дуалното образование кое е застапено во средните училишта, креира квалификуван стручен кадар, кој треба да одговори на потребите и барањата на производсвтвениот процес и компаниите, односно учениците по завршување на средното образование да бидат подготвени за вработување во процесот на производство.
На работната средба беше презентирана анализа врз основа на досегашните анкети/испитувања, од страна на раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ, пред претставниците од општинските стручни училишта и приватниот сектор.
The post Продолжува проектот “Учи паметно – работи стручно” first appeared on Општина Куманово.