Одделението за култура и спорт во Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово, Ве известува дека рокот за Јавниот повик за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во општина Куманово за 2025 година, СЕ ПРОДОЛЖУВА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ 15 ДЕНА.
Рокот за поднесување на предлог-проекти ќе се продолжи од 22.10.2024 г.(вторник) заклучно со 05.11.2024 г. (вторник).
Критериумите, како и потребната документација се објавени во самиот Јавен повик.
Ве молиме за навремено поднесување на предлог-проектите, со цел успешна реализација на Програмата за културни манифестации за 2025 година.
Во прилог претходната објава .
The post Продолжен рокот на Јавниот повик за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во општина Куманово за 2025 година first appeared on Општина Куманово.