Признанија за училиштата од Општина Штип

1730979896_1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 5 ноември во Куманово се одржа јавна дебата на тема „Промени и предизвици во спроведување на инклузивно образование“ ,како втора фаза од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби “, организиран од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, поддржан од Детската фондација „Песталоци“. Во проектот беа вклучени три општини: Куманово, Тетово и Штип, а беа пријавени вкупно 38 училишта. По реализација на проектот, организаторот додели три признанија. Сите три беа доделени на училишта од нашата општина на што сме особено горди.

Тоа беа следниве признанија:


За најинклузивно училиште беше прогласено ООУ „Гоце Делчев“

 

За најуспешен наставник во спроведување на инклузивното образование беше прогласена Дивна Малинова, оддленски наставник од ООУ „Ванчо Прке“

За најуспешно одделение беше прогласено одделението IV – 4 од ООУ „Димитар Влахов водено од одделенски наставник Дејан Здравков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK