Приведен крадец во Штип осуден на 12 години затвор

PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Штип синоќа во 23 часот на улицата „Широк Дол“ приведен е Л.А.(26) од Штип, осуден на 12 години затвор за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, а бил баран со централна потерница за доиздржување на шест години од казната.

Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.


– При лишувањето на Л.А., полициските службеници биле спречувани од С.М.(27) од Штип. По документирање на случајот против ќе следува соодветен поднесок, информира денеска МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK