Припадниците на Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска даруваа крв на вторатa, редовна крводарителска акција што се одржува во просториите на занаетчискиот дом, а ја организира СВР Куманово, во соработка со општинската организација на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина.
– Согласно годишниот план на при Министерството за внатрешни работи за 2023 година, денеска во просториите на занаетчиски дом Куманово беше спроведена редовна крводарителска акција на вработените во Секторот за внатрешни работи Куманово. Оваа крводарителска акција е втора по ред годинава, при што беа собрани 38 крвни единици, а предвидени сe уште две до крајот на 2023, соопштија од СВР Куманово.
Акциите во кумановската полиција се одржуваат три пати годишно, во февруари, јуни и октомври.