Прес конференција за отстранување на хаварисани возила

462534217_883846413719241_8505793796018246258_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Куманово во соработка со ЈП “Куманово – паркинг” – Куманово и СВР Куманово, започна со спроведување на акција за отстранување на хаварисани автомобили (возила кои не се во возна состојба), кои  подолг временски период зафаќаат паркинг простор или се на јавна површина. Акцијата е иницирана по формирањето на работната група со одлука на Локален совет за превенција (одржан на 24.09.2024 год.). Претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, во својство на координатор на работната група, денеска одржа прес конференција, на која ги извести граѓаните за започнување на активностите од 28.10 – 28.11.2024 година. Сите сопственици на хаварисани возила може да се јават на тел. број 075/221 372 во период од 08-16 часот за време на работен ден, со цел службите на ЈП “Куманово паркинг” – Куманово, бесплатно да го транспортираат возилото до лиценцираниот отпад.


 

The post Прес конференција за отстранување на хаварисани возила first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK