Преку Декадата на Ромите во Берово ќе продолжи изградбата на улицата ,,Прохор Пчињски”

pekevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со средства од Владата на РСМ, преку Министерството за транспорт и врски за имплементација на Декадата на Ромите, ќе продолжи изградбата на улицата „Прохор Пчињски”, информираа денеска од Општина Берово.

Договорот за реализација на проектот, додаваат, денеска го потпишаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Звонко Пекевски.


– Договорот се однесува на изградба на улица „Прохор Пчињски”- 2 фаза. Со реализација на овој проект, се олеснува пристапноста на жителите од Ромското маало до централното градско подрачје, до институциите и пристапноста на итните служби, во овој дел од градот, истакнаа од Општината.

Средствата обезбедени од Министерството за транспорт и врски се во висина од  926.139,00 денари.

Со ова, посочи беровскиот градоначалник Пекевски, Општината ја потврдува посветеноста, кон унапредување на квалитетот на живот на жителите од Ромската заедница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK