Прекин во испораката на топлинска енергија во дел од Кисела Вода

Прекин-во-испораката-на-топлинска-енергија-во-дел-од-Кисела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, извести ЕСМ.


„Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензиво работат на лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран.

Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок“, велат од ЕСМ.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK