Празникот Водици – Богојавление одбележан во Струмица со осветување на водите и традиционално положување на крстот

474533259_1022906239860713_4347826279721855914_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со осветувањето на водите и традиционалното положување на крстот, денес во општина Струмица беше одбележан празникот Водици – Богојавление, во спомен на денот кога Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
На базенот „Аквариус“ во Струмица, во присуство на претставници од Струмичката епархија, Општина Струмица и голем број верници, ритуалот беше спроведен со голема посветеност. Оваа година, најбрз и највешт при фаќањето на крстот беше Васко Дрвошанов од Куклиш.
Со искрени желби за здравје и среќа, заменичката на градоначалникот, Елена Магеровска Паликарова, му врачи Крст реликвијар (енколпион) од Цареви Кули, како символ на благослов и благосостојба.
Општина Струмица им го честита празникот Водици на сите христијански верници. Нека е за многу години!


The post Празникот Водици – Богојавление одбележан во Струмица со осветување на водите и традиционално положување на крстот appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK