Нека е честит и вековит денешниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ!
Овој историски датум – симбол на македонскиот непокор и револуцијата, не задолжува да истраеме во сите животни борби и предизвици, да бидеме обединети, заедно да чекориме напред, почитувајќи ги идеалите за кои се бореа и храбро гинеа нашите предци.
Со достоинство и гордост се поклонуваме пред жртвите, кои дадоа отпор на фашистичките сили, кревајќи го гласот против неправдата и ропството, во текот на НОВ (1941-1944).
Да живее македонскиот народ, да живее татковината!
The post Празнична честитка по повод 11 Октомври first appeared on Општина Куманово.