Во организација на Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, со поддршка на Општински сојуз на спортови Куманово – ОССК, денеска во ресторан Грација, се оддржа спортски натпревар во пикадо и шах, по повод Ден на градот – 11 Ноември. На празничниот настан учествуваа спортисти од Куманово, Скопје, Штип, Кочани и Битола. Настанот го отвори претседателката на Советот на Општина Куманово, заедно со истакнатиот олимпиец, натпреварувач во дисциплината стрелаштво, Бранимир Јовановски.
The post Празничен турнир во пикадо и шах first appeared on Општина Куманово.