Пожарот кај Богданци ставен под контрола

pozar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожарот кај Богданци кај местото Брдаров камен, каде гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева, е локализиран и ставен под контрола, но на одредени места се распламтува, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот го гаснат шеесетина пожарникари и тимови на „Национални шуми“ и комуналното претпријатие на Богданци, кои со брзата интервенција не дозволуваат пожарот да се прошири.


И градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов потврди дека пожарот е локализиран, но екипите се уште се на терен и внимаваат да не се разгори на нови места.

-Засега пожарот е локализиран и ставен под контрола, но критично е во наредните неколку часови. Доколку не се појават нови жаришта, пожарот ќе биде целосно изгаснат, изјави Шапов.

Според него, пожарот вчера почнал да се шири од пониските делови на овој терен каде се наоѓаат обработливи површини и тој се сомнева дека причина за пожарот е човечки фактор.

Опожарени се околу 500 хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева. Пожарот вчера помина низ ветерниците над Богданци без да предизвика штета на нив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK