Повеќе од 20 винарии на годинешниот втор по ред Охридски фестивал на виното

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со потврдено учество на повеќе од 20 винарии од сите региони на земјата наредните три дена во Охрид ќе се одржува второто издание на Охридски фестивал на виното. На годинешниот фестивал пред охриѓани и туристите во градот ќе се претстават добро познатите големи вински брендови и компании од земјата,, како и некои од помалите семејни винарии.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на денешната прес-конференција по повод манифестацијата истакна дека на минатогодишеното премирно издание на Винскиот фестивал бил забележан одличен интерес, како кај излагачите така и кај посетителите, што придонело оваа година фестивалот да биде со речиси двојно повеќе учесници и излагачи што, како што рече, создава одлична основа манифестацијата да прерасне во традиција, да добива на кванититет како и на квалитет.


– Намерата е овој фестивал да ја започнува главната летна туристичка сезона. Се надевам дека наредната година фестивалот ќе биде збогатен со учество на странски винарии и излагачи. Остварени се контакти со винарии од Србија, Унгарија и други земји, ќе продолжиме да работиме на привлекување странски излагачи. Се надевам дека добрата организација на манифестациајата и позитивните сигнали ќе придонесат фестивалот во иднина да добие меѓународен предзнак, рече Пецаков.

Манифестацијата ќе понуди добри вина по пристапни цени, добри и разновидни закуски, а сето ќе биде збогатено со тридневна музичка понуда, со настап на македонски уметници и изведувачи.

– Гостите ќе имаат можност да уживаат во одличниот избор музички перформанси. Музичката програма ќе биде исклучиво со квалитетни домашни изведувачи, од „Баклава“ со Миле Кузманоски, преку „Лугер“, „Брас брадрс“, „Бекдор бенд“, како и „Нокаут“, Александар Јосифоски, „Фитс анд инвизиблс“…Забавата секој ден ќе почнува околу 18 часот и ќе трае до еден часот по полноќ, рече Пецаков.

На фестивалот ќе бидат понудени многу бели сорти вина како темјаника, траминец, сувињон блан, шардоне, македонската сорта смедеревка, виоњер, ризлинг, ркацители и многу други. Љубителите на црвените вина пак ќе може да се пробаат многу голем број вински сорти, помеѓу кои несротливиот вранец, каберне сувињон, мерло, мускат отонел, пино ноар, шираз, картошија, каберне франк,станушина и други. Дополнителни ќе има розе вина, како и куве варијации и специјални рецепти на македонските винарии.

Како што рече Пане Темов, коорганизатор на Охридскиот фестивал на виното, интересот кај домашните винарии за сериозно учество на фестивалот е далеку поголем отколку лани, што оди во прилог на интенцијата Охридскиот фестивал на виното да прерасне во реномирана меѓународна манифестација.

– Традицијата не се создава зо една, две години, за тоа е потребно време. Позитивна енергија од лани и зголемениот број учесници оваа година значи дека полека Охрид има шанса да стане вински центар, а Фестивалот во Охрид да стане реномиран саем на виното, рече Темов.

Охридскиот вински фестивал ќе се одржува на Кејот „Македонија“ на платото пред хотелот „Палас“. Фестивалот е организиран од „Крафт Продукција“, а под покровителство на Општина Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK