Потпишани договорите за реализација на три капитални проекти за Старата чаршија и надпатникот на влезот во Гевгелија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во општина Гевгелија, ќе се реализираат три капитални проекти: „Реконструкција со реставрација на Старата чаршија во Гевгелија“, Изградба на нов партер со замена на сите подземни инсталации во рамки на Старата чаршија во Гевгелија“ и „Целосна реконструкција на надпатник на влезот во Гевгелија“.

Имено, во Владата на Република Македонија, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, потпиша договори за реализација на овие проекти, со коишто Општина Гевгелија аплицираше на Јавниот повик од Министерството за локална самоуправа за подобрување на условите за живот во сите општини во Македонија. Вкупниот буџет којшто Општина Гевгелија го доби за реализација на проектите изнесува 949.608 евра.


Според градоначалникот Сарамандов, овие капитални проекти се од големо значење на градот. Исто така, упати благодарност до премиерот Христијан Мицковски и до сите министри кои се дел од Проектот за поддршка на општините, ценејќи ја одлуката за давање можност на локалните самоуправи сами да ги утврдуваат приоритетите и да реализираат проекти од важност на граѓаните. Притоа, истакна дека Општина Гевгелија ќе продолжи и понатаму со исполнување на ветувањата кон граѓаните, како Градоначалник на општина Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK