Поставена попречна препрека пред Основното училиште „Тихомир Милошевски“ во Ново Село во Ѓорче Петров

17.7.2024-медиуми.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Ѓорче Петров постави асфалтирана попречна препрека за успорување на сообраќајот пред ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ново Село.


Ова е една од мерките за подобра безбедност на децата кои учат во ова училиште, но генерално и за сите кои минуваат на главната улица пред училиштето.

-Наша обврска е да ги заштитиме нашите најмлади жители, преку ваков вид мерки кои носат успорување на сообраќајот, особено каде што се движат ученици – рече градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

По долгогодишни барања на родителите, Општина Ѓорче Петров им излезе во пресрет на граѓаните за да се спречат евентуални сообраќајни незгоди кои можат да настанат.

-Општината останува и натаму на страна на жителите на Ѓорче Петров и секогаш во интерес на јавното добро. Апелирам возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината, согласно законската регулатива – нагласи Стојкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK