Пoчитувани,
Ве покануваме да учествувате на форум на заедницата во општина Струмица во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“
Општина Струмица и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) со задоволство Ве поканува на втората форумска сесија во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“. која ќе се одржи на 24 Октомври (четврток) со почеток во 18.00 часот во х. Вила Парк Струмица, на ул. Благој Јанков-Мучето бр. 5, 2400 Струмица.
Целта на втората форумска сесија е да се презентират критериумите за избор на мерки поврзани со темата на форумскиот процес како и презентирање на предложените мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во општина Струмица .
Ќе се претстават неколку конкретни мерки, со цел да се одберат најсоодветните кои општината заедно со УНДП ќе може да ги спроведе во текот на 2025 година. Тие мерки може да се фокусираат на зголемување на енергетската ефикасност на училиштата, замена на нееколошките системи за греење во јавните општински објекти, поставување на системи за производство на струја од обновливи извори, изградба на велосипетски патеки, креирање на парк-шуми и сл. Фондот кој е на располагање за спроведување на мерките изнесува околу 340,000 американски долари. Општината се очекува да кофинансира половина од средствата за оваа намена.
Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење за успешна реализација на форумскиот процес.
The post Покана за втора форумска сесија appeared first on Општина Струмица.