Подрачното училиште во беровско Владимирово ќе добие ново детско забавно катче


opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Подрачното училиште во беровското село Владимирово ќе добие ново детско забавно катче. Активноста ќе биде дел од втората локална акција на територијата која ја покрива Локалната акциска група „Пијанец-Малеш“, за што неодамна беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЛАГ Пијанец-Малеш и Општина Берово.


– Во рамки на втората локална акција предвидено е уредување на забавно катче со детско игралиште и место за одмор. Ова е втора локална акција која се реализира во заедничка соработка помеѓу Мрежата за рурален развој и локалниот партнер ЛАГ Малеш-Пијанец заедно со Општина Берово, информираа денеска од Општината.

Во реализација на активностите се вклучени повеќе институции, здруженија и општествено одговорни фирми.

– Благодарност до Јавното претпријатие за комунални работи Услуга, здружение Владимирски Илинденски средби, ЈТД Кладенче, Караџузлиа транспорт ДООЕЛ, Таковски Мат ДООЕЛ, ПЕЛА Милан ДООЕЛ и ООУ Дедо Иљо Малешевски кои со својот ангажман ќе придонесат за реализација на локалната акција – Уредување на забавно катче со детско игралиште и место за одмор во дворот на ООУ Дедо Иљо Малешевски ПУ Владимирово, додадоа од Општината.

Оваа активност е дел од „Програма за развој на заедницата”, проект финансиран од USAID Агенцијата на САД за меѓународен развој, а имплементиран од страна на Мрежа за рурален развој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK