Подобрени условите за спорт и спортски активности и кабинетска настава по информатика во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија


581339567_836840655400632_2307454578056019794_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија завршија активностите за реконструкција на дел од спортската сала, соблекувалните и кабинетот по информатика, со што Училиштето значително ги подобри условите за настава.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го посети Училиштето и заедно со директорот Ѓорги Стамков извршија увид во реализираните зафати, кои придонесуваат за подобрување на образовната средина и секојдневието на учениците.


Во рамки на реконструкцијата на спортската сала извршени се активности за целосно поплочување и уредување на машката и женската соблекувална и ходникот, поставување нова санитарна опрема во тоалетите и туш кабините, како и замена на електричната инсталација со ново модерно осветлување. Во спортската сала, соблекувалните и кабинетот по информатика извршена е замена на старите и поставување нови прозорци, врати и ПВЦ ламперија, со што просториите добија современ и уреден изглед. Дополнително, спортската сала е дезинфицирана и бојадисана, со што е обезбедена побезбедна и пофункционална настава по Спорт и спортски активности.

Во кабинетот по информатика, покрај замената на столаријата и поставената ПВЦ ламперија, обезбедена е и нова информатичка опрема, со што просторот е целосно прилагоден на современите стандарди за изведување кабинетска настава и развој на дигитални вештини кај учениците.

Градоначалникот Сарамандов истакна дека ваквите инвестиции се дел од континуираната заложба на Општина Гевгелија за унапредување на образовната инфраструктура и создавање современи училишни простори кои ги следат потребите на младите генерации.

– Секое вложување во училиштата е вложување во иднината на нашата Гевгелија- порача градоначалникот Сарамандов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK