Почнува меѓународната ликовна колонија „Куманово 2023“

kumanovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2023“ почнува утре и ќе учествуваат дванаесет академски ликовни уметници од повеќе држави, информираа денеска од националната установа Музеј Куманово.

– На 4 август годинава во комплексот етносело „Тимчевски“ ќе започне 49-та по ред интернационална ликовна колонија „Куманово 2023“. Своето присуство го потврдија 12 академски ликовни уметници од нашата земја и од Турција, Романија, Србија, Босна и Херцеговина. Уметниците ќе работат сликарство во повеќе ликовни техники, изјави виш кустос, историчар на уметност од кумановскиот музеј, Драгана Спасковска.


За време на нивниот престој, уметниците ќе посетат културно-историски споменици во Куманово и околината.

Проектот е поддржан од Министерство за култура и градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Колонијата ќе заврши на 11 август со свечено затворање и презентација на создадената продукција.

Ликовната колонија „Куманово“ е една од најстарите во државата, основана е во 1974 година и идната година ќе одбележи пет децении функционирање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK