Почна проширувањето на дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почна реконструкцијата и проширувањето на дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, во близина на гимназијата „Сами Фрашери“.

Како што соопштија денеска од одделението за комунални дејности, ангажирана е избраната компанија која на терен ги почна активностите.


-Продолжуваме со реконструкција на тротоари и дел од булеварот „Трета МУБ“, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Претходно, беше извршено проширување на булеварот од спротивната страна кај градскиот пазар како и улицата „Страшко Симонов“. За оваа намена од општинскиот буџет одвоени се 11 594 793 87 со вклучен данок на додадена вредност. Договорот со избрана кумановска компанија е склучен кон крајот на март, годинава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK