Почна изградбата на детско катче во кумановското село Черкези

detsko_igralishte_3423432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Почна изградбата на детско катче во кумановското село Черкези, соопштија денеска надлежните. Катчето е во близина на основното училиште во селото.







Ова е едно од четирите детски катчиња кои се градат на четири различни локации во Куманово. Реквизити за деца ќе има кај локалитетот „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во село Черкези. Првично беа предвидени шест, но по финансиските проценки одлучено е да се изградат четири.

-Се подготвува теренот за изградба на ново детско катче во село Черкези, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Општината од буџетот одвои 4.735.812 денари со вклучен данок на додадена вредност. На тендерот е избрана кумановската компанија „Арс Дизајн дооел“.

Надлежните очекуваат изградбата на детските катчиња да заврши наскоро.

Надлежните велат дека размислуваат за различни можности за зачувување на опремата која постојано е мета на вандали. Неколкуте детски катчиња речиси целосно се уништени во Куманово, особено во лоша состојба се катчињата на градскиот кеј и кај Соколана. Родителите реагираат дека е небезбедно да се играат децата на уништената урбана опрема.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK