Почна изградба на детско катче на улица „Есперанто“ во Куманово

kumanovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почна изградбата на детско катче на улицата „Есперанто“ во Куманово, соопштија денеска надлежните. Ова е едно од четирите детски катчиња кои ќе се градат на четири различни локации во Куманово.

Реквизити за деца ќе има кај локалитетот „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во село Черкези.


Општината од буџетот одвои 4.735.812 денари со вклучен данок на додадена вредност. На тендерот е избрана кумановската компанија „Арс Дизајн дооел“.

Надлежните очекуваат изградбата да заврши наскоро на сите локации за да можат децата да уживаат. Општината размислува за можностите за зачувување на опремата која постојано е мета на вандали. Неколкуте детски катчиња речиси целосно се уништени во Куманово, особено на градскиот кеј и кај Соколана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK