­

Отворена Мотосезоната 2025- Гевгелија домаќин на настан од интернационален карактер


490341951_122227062824222950_985660436920283638_n-scaled.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со мотособир од интернационален карактер, во Гевгелија, беше означен стартот на Мотосезоната 2025 година, во организација на Мото клубот „Ретки птици“ од Гевгелија и Мото асоцијацијата на Македонија. Гевгелија беше домаќин на над 700 учесника и љубители на мото спортот од нас 30 клубови од Македонија, како и од Србија и Грција, кои заеднички продефилираа низ градот, а потоа се дружеа на Градскиот плоштад. Претставувајќи ги пред јавноста и институциите мотокултурата, почитувањето и спроведувањето на сообраќајните правила и прописи, превенција за безбедност во сообраќајнот и почитување помеѓу моторџиите и односот кој заедницата.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, упати честитки до организаторите за настанот и неговата масовна посетеност. Притоа, истакна дека Општина Гевгелија дава целосна логистичка и финансиска поддршка затоа што ваквите настани значително го јакнат туристичкиот потенцијал на Гевгелија.
Организаторите МАМ и МК „Ретки птици“ упатија благодарност до сите Мото клубови и индивидуални моторџии кои земаа учество и со своето учество го збогатија настанот.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK