Општината Ѓорче Петров обезбеди прибор и анатомски ранец за секое прваче

mdium-1-vi-sepemvri.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Општина Ѓорче Петров на нашите првачиња им посакува топло добредојде во светот на учењето, каде секоја нова буква и бројка ќе биде нова авантура. И оваа година општината Ѓорче Петров обезбеди прибор и анатомски ранец за секое прваче“, соопшти општината.


„Нека вашето патување низ училишните ходници биде исполнето со радост, љубопитност и многу насмевки. Ова е само почетокот на една магична приказна каде што вие сте главните херои. Веруваме дека ќе бидете упорни, ќе ги следите своите соништа и ќе го пронајдете своето место во овој голем свет“, порача градоначалникот, Александар Стојкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK