Општина Зрновци го подобрува водоснабдувањето во селата Мородвис и Видовиште

bager_345345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Општина Зрновци реализира инфраструктурни зафати со кои значително ќе го подобри снабдувањето со вода за пиење на жителите од Мородвис и Видовиште, а се уредуваат и поплочуваат јавни површини наменети за пешаците.

Градежна механизација и работници на комуналното претпријатие „Водна кула“ во Мородвис се ангажирани на изградбата на таложници и на втората фаза за резервоар за вода, а во Видовиште се гради нов цевковод.


-Со комплетирањето на градежните активности во Мородвис, освен што ќе се обезбедат потребните количини вода за пиење за домаќинствата, ќе се реши и нејзиното механичко нарушување, односно заматувањето што се јавува после секој пороен дожд. Дополнително, во ова село се расчистува и партерно се уредува просторот пред подрачното училиште „Синиша Стоилов“. Во Видовиште се гради нов доводен цевковод со пречник од 125 милиметри и должина од околу еден километар, на потегот од зафатот на Видовишка Река до резервоарот за водоснабдување. По инсталирањето на цевките ќе почне и изградбата на дополнителен резервоар за водоснабдување, со што за три пати ќе се зголеми капацитетот и динамиката на водоснабдување на домаќинствата, истакнува Борчо Коцев, градоначалник на Зрновци.

Во Зрновци во завршна фаза се градежните работи на нов резервоар за вода со капацитет од 60 кубни метри, како и на каналот за наводнување на земјоделското земјиште во месноста Бумбаречка Вада.

По расчистувањето на банкините на двата сообраќајни влеза во општинскиот центар, ќе следи нивно тампонирање и валирање. Исто така, ќе се изгради и поплочи нов тротоар од околу еден километар на улицата „Илинденска“, од влезот на Зрновци до излезот кон Мородвис, за што ќе се инвестираат 5,5 милиони денари од општинскиот буџет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK