Општина Шуто Оризари започна акција за отстранување на депонијата кај Визбегово

20230722174223_big_730x400_90
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на акцијата „Работно лето 2023“, Општина Шуто Оризари почна со отстранување на дел од депонијата на патот кон село Визбегово.  Како што објави градоначалникот Курто Дудуш на Фејсбук, средствата во висина од 2.5 милиони денари за реализација на овој проект се одвоени од општинскиот  буџет.

Депонијата која е предвидена за отстранување се простира на површина од 15 000 метри квадратни.  – Според изведувачот, времетраењето на работите не може да се прецизира поради високите температури и скратеното работно време, но во секој случај работите би биле завршени за не повеќе од 30 дена. Средствата во висина од 2,5 милиони денари за реализација на овој проект се одвоени од буџетот на Општина Шуто Оризари, соопшти Дудуш во објавата.  Тој наведува дека согласно буџетските можности на општина Шуто Оризари, со оваа интервенција нема да успеат во целост да го решат проблемот и апелира и до надлежните институции, Градот Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање и Владата да се приклучат со свое учество, со крајна цел, како што вели, зачувување на здравјето на граѓаните на градот Скопје и обезбедување  здрава животна средина.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK