Локалната власт на општина Маврово и Ростуше продолжува со проекти кои се во правец на подобрување на условите за жителите во општината.
Во тек се активности за реализација на нови два значајни проекти за што објавен е оглас за јавна набавка.
– Објавивме оглас за јавна набавка на работи за уредување на пристапен пат и изградба на каптажи во село Ростуше во вредност од 1.505.101,76 денари. Со реализација на овој проект ќе се реши голем проблем со водоснабдувањето на селото преку собирање на водите кои досега се излеваа надвор од системот, информираа од општината.
Исто така објавен е оглас и за јавна набавка на работи за изградба на потпорни ѕидови на општински пат во селото Видуше.
За оваа цел предвидени се средства во вредност од 837.200,00 денари за заштита од лизгање на земјиштето.
Како што информираат од општината во подготвителна фаза се и други проекти се во интерес на жителите од целата општина.