Општина Куманово организираше прием за учениците кои учествуваа на годинешниот МОС натпревар. Ученикот, Леонид Петковски од средното училиште „Наце Буѓони“ освои прво место и можност да се натпреварува на светскиот МОС натпревар во Орландо, Флорида – САД.
-Денеска во општина Куманово како дел од проектот за унапредување на дигитална писменост на младите од 13 до 22 години, беа доделени МОС сертификати (Microsoft Offece Speciallist) на ученици од основни и средни училишта од градот. Од извршени педесет тестирања на општинскиот натпревар, шест ученика од нашата општина земаа учество на националниот МОС натпревар. Натпреварот е во организација на CertiAdria преку тестинг центар E-НЕТ. Ученикот Леонид Петковски од ОСТУ „Наце Буѓони“, освои прво место со што се стекна со можност да се натпреварува на светскиот МОС натпревар во Орландо, Флорида – САД, информираа од општината.
Оттаму наведуваат дека веќе петта година финансиски го поддржуваат овој проект.