Општина Илинден отпочна со реконструкција на улиците „9“ и „532“

rekonstrukcija-del-ul-9-i-ul-532-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктураизградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта отпочнаа градежните активности за реконструкција на дел од ул „9“ и ул „523“ во Марино, извести општина Илинден.


„Со градежните работи планирано е да се изврши целосна реконструкција на улицата во должина од околу 820 метри и широчина 6 метри, реконстукција на тротоар во должина од 450 метри како и зафаќање на атмосферските води од коловозот. Оваа улица е од големо значење бидејќи претставува главна сообраќајница во општината што ги поврзува сите населни места во општината.

За време на реализација на градежните работи на улицата ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај, кој ќе го спроведува фирмата изведувач на активностите на терен Филип инжинеринг Дооел Скопје“, соопшти општина Илинден.

„Увид на градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој се запозна со динамиката и текот на одвивање на активностите, пришто посочи дека реконструкцијата на оваа улица значително ќе ја подобри патната сообраќајна инфраструктура во општината особено поврзувањето на јавните општински установи кои ги поврзува оваа улица, односно спортската сала средното општинско училиште и детската градинка.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење“, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK