Општина Гевгелија- дел од „Генералка викенд 2026 година“


700035660_968518182815618_3036556839764951041_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Општина Гевгелија и годинава се приклучи кон националната еколошка иницијатива „Генералка викенд 2026“, со цел заедничко чистење на јавните површини, подигнување на еколошката свест и создавање почиста и поуредена животна средина за сите граѓани.

Акцијата во општина Гевгелија се реализираше на повеќе локации на подрачјето на општината, при што беа опфатени критични точки каде во изминатиот период беше забележано присуство на отпад и формирање диви депонии. Посебен фокус беше ставен на коритото на Сува Река, околината на Негорски Бањи, просторот покрај автопатот кон граничниот премин „Богородица“, како и градските паркови.


Во активностите учествуваа ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, општинската администрација, Планинарското друштво „Кожуф“ и претставници на невладини организации. Со заеднички ангажман беа собрани поголеми количини отпад и расчистени повеќе јавни површини.

Особено значаен дел од акцијата беше интервенцијата во коритото на Сува Река, каде екипите на ЈПКД „Комуналец“ со ангажирана механизација и работници извршија отстранување на диви депонии и наталожен отпад. Со оваа активност се придонесе за намалување на еколошкиот ризик, спречување на понатамошно загадување на водотекот и подобрување на безбедноста на просторот.

Паралелно со теренските активности, сите основни училишта од општината, како и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, претходно реализираа еко-часови и едукативни активности, со што младите беа директно вклучени во процесот на подигнување на еколошката свест и развивање на одговорни навики кон животната средина.

Организаторите упатија благодарност до сите учесници и волонтери, со порака дека зачувувањето на чистата животна средина е заедничка одговорност и клучен чекор кон одржлив развој на локалната заедница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK