Општина Дебар првпат со посебен проект за безбедност при работа на административците


debar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Дебар за првпат се обврза да подготви посебна  програма која ги предвидува сите елементи на безбедност при работа за административците, информираа од локалната власт.


-Безбедноста при работа е важен фактор за функционирање на администрацијата во секоја институција. Поради тоа ќе биде имплементиран посебен план, кој предвидува евакуација, обука за справување со катастрофи кои можат да се случат во општинскиот објект (пожар и сл.), стои во објавата на општината на Фејсбук.

Се додава дека сите активности се предвидени и имплементирани со специјална инструкција подготвена од фирмата која го доби тендерот за подготовка на сите сегменти од процесот за безбедност при работа.

-Тендерираната фирма е „Електродепо“ со менаџерот Арменд Каса, која со голема професионалност ќе се погрижи да ги спроведе сите фази на обука на административниот персонал во евентуални исклучителни случаи. Во таа насока беше одржана и првата од повеќето обуки, додаваат од општина Дебар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK