Општина Берово ја објави програмата за тридневниот Етно плоштад фестивал 2023 година. Оттаму информираат дека интензивно се работи на подготовките на фестивалот што ќе се одржи кон крајот на август.
– Фестивалот ќе започне на 25 август (петок), со свечено отварање на сцената во центарот во Берово, после што настап ќе имаат голем број препознатливи музички имиња, со кои ќе бидат задоволени различните музички вкусови, информираа од Општината.
Етно плоштад фестивалот го организира Општина Берово со финансиска поддршка од Министерството за култура.
-Во рамки на фестивалот присутните ќе можат да ги посетите и тезгите со здрава храна, сувенири, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и слично. Од таа причина ги покануваме заинтересираните навреме да закупат тезга, за што повеќе информации може да добијат на оштинската веб-страница, велат од општината.
На фестивалот, што ќе трае од 25 до 27 август, ќе настапат Ристо Самарџиев, Тамара Тодевска, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски, Пајак и Лара и балканскиот поп изведувач Жељко Самарџиќ.