Со пригодна реч пред бистата на истакнатиот македонски филолог, историчар и проучувач на македонското народно творештво, Крсте Петков Мисирков, училиштето кое го носи името на великанот, денеска одбележа 76 години постоење.
Во знак на спомен и почит кон ликот и делото на македонскиот деец, свежо цвеќе положи и делегација на Советот на Општина Куманово, предводена од претседателката Ивана Ѓорѓиевска.
Свечената приредба со културно – уметничка програма по повод патрониот празник, ќе се одржи утре (19.11.2024 год.), во Занаетчиски дом, Куманово.
The post ООУ “Крсте Мисирков” – Куманово го одбележува патрониот празник first appeared on Општина Куманово.