Oдржана 49. свечена седница на Советот на Општина Гевгелија по повод 7 Ноември

466117502_569872792097421_553759801613514240_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На самиот празничен ден на Општина Гевгелија (7 Ноември) и одбележувањето на 80 години јубилеј од ослободувањето на Гевгелија, Советот на Општина Гевгелија ја одржа својата 49. свечена седница. Во Народниот театар- Гевгелија, помеѓу гости од земјата и странство, претставниците на Здружението на борците од НОВ и нивните следбеници, пратениците во Собранието на Македонија, сегашни и поранешни функционери во Општина Гевгелија, делегации од збратимените и пријателски општини, претставници на: други општини, државни и локални институции и установи, културниот и јавниот живот и бизнис-заедницата, претседателот на Советот на Општина Гевгелија со свое обраќање и честитање на Општинскиот празник ја отвори и заседаваше со свечената седница.

На свечената седница, по видеопрезентацијата со проектите и настаните коишто ја одбележаа 2024 година помеѓу двете празнични одбележувања, кон присутните се обрати и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, осврнувајќи се на сработеното во 2024 година. Исто така, го честиташе Општинскиот празник, истакнувајќи дека локалната самоуправа ќе продолжи со заложбите за развиена и модерна општина Гевгелија.


По неговото обраќање, следуваше врачувањето на Седмоноемвриските награди- највисокото Општинско признание за животно дело и значајни достигнување на поединци во периодот помеѓу двете јубилејни одбележувања. Градоначалникот Сарамандов им ги врачи Наградите во вид на Сребрени плакети на Илија Атанасов, Димитар Димитровски- Моте и Тони Аврамов; во вид на Златни плакети на Никола Гелебешев (постхумно), Глигор Гелебешев и Сашко Олумчев, а Плакета за животно дело на Саве Паноров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK