Општина Струмица го усвои Буџетот за 2025 година
Општина Струмица продолжува со напредок и развој! На својата 46-та седница, Советот на општина Струмица го усвои Буџетот за 2025 година во висина од 1.522.390.450 денари, кој ќе овозможи реализација на бројни капитални проекти и инвестиции во инфраструктурата, образованието, здравството и други области од значење за нашите граѓани.
Годината што помина беше исклучително успешна, а 2025 година се очекува да биде уште поуспешна, со нови можности и иницијативи што ќе ја подобрат квалитетата на животот во општина Струмица. Нашиот заеднички успех продолжува, а со овој Буџет ќе се зајакне развојот на сите сегменти од животот во градот.
Струмица е град на прогрес и инвестиции, и заедно ќе продолжиме да го градиме.
The post Одржана 46-та седница на Совет на Општина Струмица appeared first on Општина Струмица.