Во рамка на проектот Безбедни училишта, денеска во присуство на претставници од општинските средни училишта, пригодно беше одбележан големиот христијански празник Бадник, со желби за добро здравје, мир и благосостојба меѓу сите граѓани на Општина Куманово.
Домаќини на празничната средба беа директорот и тимот за безбедни училишта од ОСТУ “Наце Буѓони” – Куманово.
На настанот присуствуваа и претставници од Општина Куманово, предводени од претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.
The post Одбележување на Бадник во ОСТУ “Наце Буѓони” – Куманово first appeared on Општина Куманово.