ОДБЕЛЕЖАНИ 15 ГОДИНИ ОД НЕСРЕЌАТА НА БРОДОТ „ИЛИНДЕН“

15GODINI_ILINDEN-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето „Солза на Роза“, по повод 15 години од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи.

Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегација на Бугарската амбасада во Скопје, претставници на Бугарскиот конзулат во Битола, Капетанијата на пристаништата и граѓански здруженија.


Несреќата се случи на 5-ти септември 2009 година во 10:30 часот на околу 250 метри оддалеченост од брегот на Охридското Езеро, кај автокампот „Елешец“. Бродот „Илинден“ превезуваше 57 патници на релација од Охрид до Свети Наум.

The post ОДБЕЛЕЖАНИ 15 ГОДИНИ ОД НЕСРЕЌАТА НА БРОДОТ „ИЛИНДЕН“ first appeared on Ohrid.gov.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK