Со комеморативна посета и полагање на свежо цвеќе пред спомен – обележјето на куќата во с.Пелинце, денеска беше одбележана 81 годишнина од пристигнувањето на британската воена мисија (15 ноември 1943 год.), која се приклучила кон партизанскиот одред во кумановско – козјачкиот регион.
Поддршката во оружје и логистика од страна на британските воени сили била од големо значење за антифашистичкото движење во текот на НОБ.
Делегација од Општина Куманово, предводена од секретарот Александар Гелевски, беше дел од бројните делегации и претставници на институции и граѓански здруженија, кои се поклонија пред спомен – обележјето и положија свежо цвеќе, во знак на почит и благодарност.
Денешното чествување беше во организација на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово – ЗАПВАРС.
The post Одбележана годишнина од доаѓањето на британската воена мисија при Кумановскиот партизански одред first appeared on Општина Куманово.