Со богата културно-уметничка програма, одржана во Младинскиот дом во Прдејци, се одбележа панаѓурот на населеното место во слава на Св. Петка. Голем број жители, како и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ги проследија настапите на: учениците од ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, фолклорните друштва КУД „Браќа Толеви“- Прдејци и КУД „Негорци“, дечињата од ЈОУДГ „Развигорче“- Прдејци и бендот на Филип Ангов.
Градоначалникот Сарамандов го изрази своето задоволство што салата во овој Младински дом беше преполна и одбележувањето на Панаѓурот во Прдејци што помина во прекрасна атмосфера. Исто така, им го честита празникот на прдејчани и сите што ја слават Св. Петка- заштитничката на жените.