Од први август се воведува еднонасочен сообраќај во централно градско подрачје во Берово

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почнувајќи од први август се воведува еднонасочен сообраќај во централното градско подрачје на дел од градските улици во Берово, информираа од Општината. Целта на оваа измена, како што информираа оттаму, е зголемување на безбедноста и подобрување на условите во сообраќајот.

– Почнувајки од 1 август 2023 година еднонасочниот сообраќај ќе важи за улиците „Страшо Пинџур“, „Цветан Димов“, „Белградска“ и дел од улицата „Маршал Тито“. За време на оваа измена ќе биде овозможено паркирање на возила, од левата страна, гледано во насока на движење, истакнаа од Општина Берово.


Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат новопоставениот сообраќаен режим и да бидат внимателни во сообраќајот

-Скицата на режимот на сообраќај можете да се погледне на општинската веб – страница. Еднонасочниот сообраќај се воведува во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на сообраќајот на дел од улиците и избегнување на сообраќаен метеж, додадоа од Општина Берово.

За регулирање на новиот режим на сообраќај, Општина Берово ќе постави соодветна вертикална сигнализација, согласно проектната документација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK